26 Април, 2024
0.0424

Најчудните даноци во светот

Објавено во: Стил 14 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Можеби имате слушнато за чудни и смешни даноци кои луѓето во светот се принудени да плаќаат. Листата е далеку од завршување. Во прилог ви претставуваме уште неколку чудни даноци: Данок на гипс-Австрија Австрија е една од најпопуларните дестинации во Европа за скијање одмор. Секоја година за време на сезоната тука доаѓаат  скијачи и сноубордисти од целиот свет. Тоа ги натера властите да одлучат да го стават овој необичен данок.  Здравствено осигурување за туристи очигледно не е доволно, па оваа држава си воведе задолжителното собирање такса за ски, наречена "данок на гипс." Секоја година околу 150 илјади скијачи добиваат трауми за време на скијањето и се сместени во локалните болници. Откако ја пресмета вкупната сума за нивно лекување, австриската влада одлучи да воведе дополнителен данок, кој е вклучен во цената на ски -услуги. Сите приходи одат во болниците за лекување на фрактури и други повреди. Данок на мирот-Република Гвинеја Земјите од Западна Африка се меѓу најсиромашните во светот. Но, и покрај тоа жителите плаќаат даноци кои може да се класифицираат како многу чудни. Жителите на Република Гвинеја, во која речиси целото население живее под прагот на сиромаштијата, се уште плаќаат данок на мирот, иако никаде во земјата не се водат воени дејства. Секоја мировна година чини граѓаните по 17 евра, што е многу со оглед на нивната благосостојба. За споредба, еден килограм кафе во Република Гвинеја може да се купи за 50 центи. Данок на гасови од крави-Естонија Тоа може да изгледа како шега, но таков данок навистина постои во Естонија. И тој е воведен неодамна - во 2008 година. Во земјата во која најголемите загадувачки компании плаќаат "зелени" даноци, беше одлучено да плаќаат данок и сопствениците на крави. За главни загадувачи на воздухот Естонски парламентарци ги посочија и локалните крави, кои што се извор на метан во атмосферата. Интересно е да се напомене дека свињи, коњи и други животни се ослободени од даноци. Данок на сонцето-Балеарските Острови На почетокот на 2000 година на Балеарските острови веше воведен „данок на сонцето“ . Данокот на сонцето плаќаат сите посетители на архипелагот. Туристите што доаѓаат во најпопуларните летувалишта на островот Ибица, Мајорка и други острови, мора да плаќаат дневно по 1 евро за престој тука. Парите одат за подобрување на туристичката инфраструктура, како што се чистење на плажи и крајбрежни зони од отпад, како и обновување на еколошката рамнотежа. Вреди да се напомене дека во 2012 година на Балеарските острови ги посетиле 10,4 милиони странски туристи, така што приходите од данокот во Буџетот се многу големи. Данок на скара- Белгија Во април 2007 година Владата во област Валонија, во Балгија, на чија територија живеат околу четри милиони луѓе, одлучи да се бори против глобалното затоплување на необичен начин и наметне данок на скара. Соодветноста наовој данок го потврдија еколозите, според кои во процесот на готвење на скара во атмосферата се испушта во просек од 50 до 100 грама јаглерод диоксид, што, пак, е причина за климатските промени. Валонците кои имаат скара во дворот, мора да плаќаат данок во износ од 20 евра, секој пат кога користат скарата. Данок на тенките стапчиња за јадење за еднократна употреба-Кинa Дрвените стапчиња се традиционален прибор за јадење во Источна Азија. Тие се појавени за прв пат пред околу три илјади години. Денес дрвените стапчиња во Кина се уште имаат посебна предност, но од 2006 година тие се оданочени со посебен данок. Беше воведена такса во износ од 5% од продажбата на секој пар стапчиња за заштита на шумите од сечење. Секоја година во Кина се користат и фрлаат околу 45 милијарди комплети стапчиња за јадење за еднократна употреба, а за нивно производство годишно се уништуваат 25 милиони дрвја. Со оглед на тоа што при ова темпо на уништувањето, шумите во земјата можат да исчезнат во следната деценија, Владата реши да воведе данок. Данок на тетоважи и пирсинг-САД Жителите на американската држава Арканзас треба да мислат два пати пред да си направат тетоважа или пирсинг. Факт е дека во прилог на услугата, тие исто така треба да плаќаат и посебен данок. Данокот за пирсинг и тетоважи во Арканзас беше воведен во 2005 година и изнесува 6% од вредноста на тетоважата или пирсингот. Локалните власти одлучиле на овој начин да се справат со непрофесионално тетовирање, поради што постои ризик од заразување со опасни болести како ХИВ, хепатитис и туберкулоза. Дали тоа ќе го спречи илегалното тетовирање, се сомневаме, но бидејќи бројот на кандидатите за тетоважа во САД е голем, приходите сигурно не се мали. Данок на сенката-Венеција Во почетокот на 90-тите години Венеција одлучи дека данок нема да плаќаат само материјалните објекти. Од 1993 година сите сопственици на продавници, ресторани и кафулиња, чии чадори и тенди фрлаат сенка врз општинска земја плаќаат данок на сенка. Дел од бизнисмените не ставаат заштитници од сонцето, но оние кои избираат ја задржат свежина во своите локало секоја година плаќаат данок за тоа.И покрај тоа шт е чуден, овој данок не е откажан и досега. Сопствениците на венецијански кафулиња и ресторани плаќаат не само во соларни, но и во облачни денови. Данок на семејни вредности-Кина Денес бројот на официјалните бракови во светот се намалува и се зголемува бројот на луѓе кои не ги почитуваат семејните вредности. На пример, во Шведска, Франција и други европски земји помалку од 60% од паровите склучуваат брак, но оваа статистика не плаши ги локалните власти. Во Кина овие трендови, сепак се сметаат за опасни. Во средината на 90-тите години во Кина е воведен данок "семеен почеток". Оние кои се одлучиле да живеат заедно без формализираат нивната врска, се сметаат за натрапници и плаќаат околу 120 евра годишно, додека не стават своите потписи под соодветниот документ. Данок на дрогата-САД За пополнување на буџетот на земјата, американските власти успеваат да соберат данок дури и од илегалните дроги. Во 2005 година во Тенеси е воведен данок на психотропни супстанции. Листата на материите кои потпаѓаат под него ги вклучува марихуана, кокаин, екстази и други дроги. Трговците можат да платат анонимно и во случај на апсење, можат да претават пред судот доказ за плаќањето и на тој начин да си гарантираат правото на помилување.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти