НАЈДЕНИ УШТЕ ТЕЛА: Порасна бројот на жртви од поплави
Објавено во: Свет 26 Август, 2018
Во поплавите во Керала, Индија загинаа 445 лица, објавија локалните власти, откако се пронајдени телата на уште 28 луѓе.
Во привремените центри се наоѓаат еден милион лица, а 15 се сметаат за исчезнати по исклучително силните ветрови во овој тропски регион, кој е многу привлечен за туристите во сувата сезона.
Неделава ситуацијата е значително подобра, затоа што прекинаа врнежите. Причинета е материјална штета повеќе од три милијарди долари.
Премиерот на Керала, Пинараи Виџајан изјави дека веќе се исчистени 130.000 куќи зафатени од поплавите. Сепак, тоа е само една третина од домовите кои беа поплавени. Поплавите направија пустош во земјата.