Најдете работа преку Фејсбук - Социјалната мрежа како главен огласник
Објавено во: Економија 16 Февруари, 2017
Facebook Jobs ќе биде новата услуга на најголемата социјална мрежа преку која корисниците ќе може да најдат работа, а компаниите да огласуваат кои им се слободни места и каков кадар им е потребен.
Со оглед на тоа што речиси секоја компанија има профил и страница на Фејсбук се очекува процесот на наоѓање на ново слободно работно место да биде многу полесен.
Секако, сега зависи и од самите компании дали ќе ја користат новата функција Facebook Jobs како официјална алатка за на едно место да бидат прикажани сите огласи со што многу полесно ќе се информираат корисниците отколку постојано да ги следат нивните профили или страници.