27 Април, 2024
0.0286

Најдобрите HR решенија за соочување со предизвиците во брзорастечите индустрии – тема на деветата меѓународна конференција за човечки ресурси

Објавено во: Мои пари 02 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Во време кога имаме дисбаланс во побарувањата и понудата на работна сила, размената на искуства, идеи, изнаоѓање на решенија , имплементирање на готови модели од успешни приказни се повеќе од неопходни.

По девети пат, традиционално,  Скопје ќе биде центарот на HR случувањата во регионот! На 31 Мај и 1 Јуни 2017, во хотел Александар Палас,Македонската асоцијација за човечки ресурси овојпат во партнерство со Vrabotuvanje.com, созадоволство ви го најавува одржувањето на најголемата регионална HR конференција, со тема –Најдобрите HR решенија за соочување со предизвиците во  брзорастечите индустрии"!


Со овогодишната тема на конференцијата, целта е да се биде во тек со најжешките HR теми кои ги засегаат подеднакво и менаџерите за човечки ресурси и генералните менаџери на компании кои имаат брзорастечки бизниси, отворен менаџмент пристап и потреба да се секогаш во тек со напредни техники и решенија.

Како да се задржат талентираните вработени? Што е она што повеќе мотивира плата или функција? Како се станува добар HR менаџер и каде се наоѓа HR позицијата во компанијата? Како компаниите да им обезбедат баланс помеѓу семејниот и деловниот живот на своите вработени а тоа да не се одрази на квалитетот на сработеното? Како жената го менува својот деловен поглед кога станува мајкa? Што да направите кога вработените со ништо веќе не се мотивираат? Како функционира пазарот на труд  во оваа дигитална ера? Кои се последните трендови во регрутацијата и како да се привлечат соодветни профили за отворените работни места? Како да се поттикне растот и развојот на компанијата?....

Лидерски практики, знаења и искуства од врвни HR професионалци, професори и практичари, тренери и консултантиод големи мултинационални  компании, од Франција, Италија, Словенија, Грција, Англија, Хрватска, Турција, Бугарија… преку презентации и панел дискусии ќе го споделат своето лично искуство, кои успеале со своите вештини да ги унапредат вработените во Photobox, DELL, CANAL+ Group, IPSOS, MojPosao, Mercator Ltd, Telekom Slovenije, Mobiltel EAD (M-tel), Actera Group,  PLIVA, Mamforce, Coca Cola, Deutsche Telekom, Pfizer, Schindler,  Rimac Automobili, L’Oreal Adria, Gruppo Prospecta, Siemens, Vodafone, Unilever... На конференцијата свое предавање ќе одржи и Најдобриот менаџер за човечки ресурси за 2016 во Бугарија, г-ѓа МигленаУзунова-Цекова од компанијата М-тел!

Во рамките на настанот вклучено е HR Експо како и специјална гала вечер со коктел и забавна програма за доделување на наградата Најдобар HR Менаџер за 2016 година!

Постојаноста, искуството, квалитетот, следењето на новите трендови, континуирана надградба и упорноста  е она што не прави успешни! Повеќе информации за настанот и пријава за учество:http://mhraconference.mk

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“