27 Април, 2024
0.0267

Најголем дневен пад на цената на златото

Објавено во: Свет 16 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Цената на златото во понеделникот продолжи со остриот пад, намалувајќи се за дури осум отсто, што е најголем дневен пад за повеќе од 30 години. Додека вчера цената на златото вчера падна на 1.356,85 долари за фина унца, што е најниско ниво од февруари 2011 година. Распродажбата на златото започна во петокот поттикната од стравувањата за продажба на кипарското злато. Во петокот овој благороден метал загуби за над четири отсто од вредноста и за прв пат од јули 2011 година неговата цена се спушти под границата од 1.500 долари за унца. Падот на цената на златото во понеделникот го забрза и паниката кај инвеститорите и техничката продажба по преминувањето на клучната граница. Инвеститорите го избегнуваат златото во ситуација кога опаѓа стравувањето од инфлацијата, а постојат назнаки дека американската централна банка до крајот на годината би можела да почне да ја ограничува финансиската поддршка на економијата. Вчера објавените податоци за забавувањето на кинеската економија ги собори цените на индустриските суровини, што за инвеститорите беше уште еден изговор за продажба на златото. Паралелно со златото, паднаа и цените на останатите благородни метали. Цената на среброто се спушти на најниско ниво од октомври 2010 година, а платината се спушти на најниско ниво од август минатата година. Значително ослабнаа и цените на останатите суровини, како што се индустриските метали и нафтата, воглавно поради стравувањата од забавувањето на кинеската економија. Златото сега се најде на една третина под историскиот максимум од 1.920,30 долари за унца од октомври 2011 година. Неговиот пад започна под влијание на минатонеделните вести дека Кипар во рамки на планот за спас од банкрот веројатно ќе биде принуден да дојде до 400 милиони евра преку продажба на дел од златните резерви. Иако таа сума е релативно ниска, тоа предизвика стравување дека на продажба на златото би можеле да се одлучат и други задолжени европски држави, на пример Италија и Шпанија.

Можеби ќе ве интересира

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни