НАЈГОЛЕМ ГРАД ДОСЕГА ВО ЕВРОПА: Eдно зрно е од 25 сантиметри
Објавено во: Свет 20 Август, 2018
Во Германија паднал град со големина на зрното од 25 сантиметри, соопшти Технолошкиот институт во Карлсруе, Германија.
Ова е најголем град кој некогаш паднал во Европа.
На второ место е Италија каде што е регистрирано зрно со дијаметар од 17 сантиметри, третото место го делат Франција и Велика Британија со големина на зрно-град од 15 сантиметри, а пак Македонија може да се пофали со „државен рекорд“ од шест сантиметри.
Најголемото зрно град на континентов е регистриран на 10 август 1925 година близу Хамбург, северна Германија. Леденото парче било во облик на неправилен сфероид со димензии 25х14х12 сантиметри.
Најмногу денови со врнежи на град во текот на една година, имало во Полска – 111 дена. Потоа следат Чешка со 94 и Германија со 90 денови.