29 Април, 2024
0.0253

Најголемите инвеститори во Македонија ги добија парите од Владата, најмногу за производител на акумулатори

Објавено во: Економија 12 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Владата во последните денови од изминатата година ги исплати договорените проценти како поврат за инвестирањата што ги вложија домашните и странските претпријатија и покрај ковид-кризата.

Со овие вложувања компаниите низ минатата година имаа стекнато право за поврат на 10 отсто од инвестицијата во рамки на Програмата за поддршка на инвестициите и технолошкиот развој од Планот за економски раст на Владата. 

За поддршка на нов инвестициски проект со инвеститорите се потпишува петгодишен договор за државна помош откако ќе покажат план за економски раст според Законот за финансиска поддршка. Тоа се компании кои инвестираат надвор од Технолошко индустриските зони. 

Најмногу пари - 149.426.974 денари добил словенечкиот производител на акумулатори од внатрешноста на земјата, кој во Македонија забрзано инвестира од 2012 и постојано го зголемува бројот на работници.

На второто место е домашна фармацевтска компанија со 110.055.368 денари, а на третото место со 37,68 милиони денари е уште една словенечка компанија од Охрид која вработува машински кадри и е една од најголемите извозници од земјата, најмногу препознатлива по алуминиумските компоненти за автомобили.

На четвртото и петтото место се штипска компанија со домашен капитал во металопреработувачката индустрија, која од 2014 година влегува и во сегментот на автомобилската индустрија.работејќи за Ван Хол, како и грчка компанија која откупува тутун во Прилеп. Едната добила 31,4 милиони, додека другата 24 милиони денари.

Премиерот и останатите членови на Владата често ги посетуваа овие компании изминатите неколку години со пофални зборови за нивните инвестициски планови и проекти. Владата од оваа мерка пред Нова Година исплатила десетици мали, средни и големи инвеститори како поврат на дел од вложувањата.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа