НАЈМНОГУ ДОЖД ВО ШТИП, ОХРИД, КРИВА ПАЛАНКА: Каде беше најстудено утрово?
Објавено во: Македонија 24 Мај, 2017
Најмногу дожд во последното деноноќие наврна во Штип, вкупно 87 литри на метар квадратен површина.
Во другите населени места дождовите беа со послаб интензитет.
Врнежите од 1 литар на метар квадратен имаше во Охрид, 2 во Ѓуриште, Лазарополе и Дебар, 4 во Берово, Пожаране, Тетово и Маврово, 5 во Куманово, 6 во Тополчани, 7 во Прилеп, 8 во Гевгелија, 9 во Демир Капија, 11 во Струмица, 16 во Крушево, 18 во Виница, 24 во Дојран, 32 во Крива Паланка и 38 во Скопје, информираат од УХМР.
Најстудено утрово беше во Лазарополе каде се измерени 6 степени.
До 8 часот се измерени 8 степени во Крушево и Маврово, 9 во Пожаране, Тетово и Битола,10 во Прилеп, Берово, Претор, Крива Паланка и Охрид, 11 во Дебар и Тополчани, 12 во Ѓуриште, 13 во Виница, 14 во Скопје, Штип, Демир Капија и Скопје Петровец, како и 15 во Куманово, Дојран, Струмица и Гевгелија.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, а околу пладне и попладне на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со појава на град и засилен ветер. Teмпературата ќе се движи од 15 до 23 степени.
И во Скопската котлина времето ќе биде нестабилно, попладне со повремен пороен дожд и грмежи.
Утре ќе биде облачно преку целиот ден и се очекуваат пообилни врнежи од дожд, особено во јужните делови. Во петок и сабота ќе дува засилен северен ветер. Од утре температурата значително ќе опадне.