19 Мај, 2024
0.0297

Најмотивирачкото видео за претприемачи-Ако лесно се откажувате, вреди да го погледнете!

Објавено во: Стил 11 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Кога повеќе луѓе видат еден успешен претприемач, тие велат: "Јас никогаш нема да бидам како него", но никој од нив не знае што поминал овој успешен човек да стигне до врвот на планината.

Тие не знаат за сите негови борби, мноштвото негирања и болки кои ги малтретирале неговото срце во текот на годините. Не знаат ништо за предавство, гласините и критиките кои ги претрпел во текот на годините. Тие не ја виделе неговата празна банкарска сметка, како и сите оние осамени ноќи, додека се обидувал да ги направи соништата во реалност.

Знам дека единствената разлика помеѓу оние кои се откажуваат и оние кои секогаш продолжуваат да се борат е тоа дека, силните никогаш не се откажуваат, работат напорно секој ден, се надградуваат ден по ден и најважно: стануваат се подобри.

Иако секој ден на почетокот биле отфрлани, тие не се откажале. Продолжиле да се борат и конечно станаа луѓето кои ги гледаме денес - успешните претприемачи кои го менуваат светот.

Ова видео цели кон тоа да ги мотивира младите и да им покаже дека работите се лесни, колку човек да има ревност и волја за успех. Ги покажува и неуспесите и лошите моменти во животот на претприемачите.

Но најмногу покажува дека со многу труд и волја работите се случуваат.

Патрик Бет Дејвид е американски претприемач и финансиски советник. Во 2009 година Бет Дејвид ја основа агенцијата PHP, која е директно поврзана со финансиските услуги и пазарната организација во САД, која нуди широк спектар на осигурување на животни производи, ануитети и здравствено осигурување. Негово е и делото на прекрасно видео да стане реалност. Погледнете го, а ние ви ветуваме дека тоа ќе бидат најмотивирани две минути во вашиот живот.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/h-KHWUq3B7I[/embed]

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“