НАЈНИСКА ПОБАРУВАЧКА ЗА ЕНЕРГИЈА: Историски шок за светот на енергијата
Објавено во: Економија 30 Април, 2020
Меѓународната агенција
за енергија (ИЕА) предупредува дека пандемијата од Ковид-19 година може да
резултира и со најниско ниво на побарувачка за енергија, што според агенцијата
е последица на невидениот пад на побарувачката на фосилните горива-јаглен,
нафта и гас.
Прогнозите од спроведените анализи на Меѓународната енергетска агенција се дека побарувачката на енергија на глобално ниво ќе падне шест проценти во текот на оваа година, што во споредба со најголемата финансиска криза од 2008 е седум пати повеќе. Според извршниот директор на ИЕА; Фатих Бирол, ова е историски шок за светот на енергијата и е еднакво на губење на целата побарувачка од страна на Индија, која е трета земја потрочувач на енергија во светот.