НАЈОПАСНИ ДЕСТИНАЦИИ ВО ЕВРОПА: И Македонија со зголемен ризик?
Објавено во: Свет 29 Март, 2017
Министерството за внатрешни работи на Британија секоја година објавува листа на најопасни дестинации во Европа, при што во рангирањето се спомнува и Македонија.
За 2017 година меѓу најопасните се Белгија, Франција, Германија, Русија, Турција и Велика Британија.
Земји со зголемено ниво на опасност се Грција, Македонија, Шпанија, Шведска, Италија, Австрија и Данска.
Држави каде ризикот од напади е низок се Албанија, Хрватска, Финска, Ирска, Норвешка, Србија, Романија и други.
14 дестинации оваа година се најбезбедни, а меѓу нив се Чешка, Унгарија, Малта, Полска, Швајцарија и други.