Најпаметните начини да заштедите пари брзо
Објавено во: Финансии 03 Мај, 2017
Доста често едвај преживувате до плата. Сакате да се чувствувате посигурни финансиски и да издвоите некој денар за непредвидени трошоци. Оваа задача не е толку тешка како што ви се чини.
Ви даваме неколку совети кои ќе ви помогнат да заштедите пари брзо.
1. Престанете да бидете роб на брендирани марки
Навикнати сте да ги купувате најпознатите рекламирани и престижни брендови од даден производ? Време е да престанете. Има и далеку не лоши производи (дури за домаќинство), кои едноставно не се толку познати. Приоритет треба да ви биде најниската цена.
2. Поставете си неделни предизвици
Оваа недела на пример потрудете се да заштедите 200 денари. Од вообичаените трошоци. Ако успеет , следната недела заштедете 500 . Постепено зголемувајте го износот додека започнете да заштедувате доволно.
3. Намалете гитрошоците за превоз
Ако се движите со автомобил, заштедете од бензин, така што ќе почнете да пешачите или возете се со градскиот превоз. Велосипедот е исто така одлична алтернатива во топлото време.
4. Намалете ги непотребните трошења
На пример кабелска / дигиталната телевизија. Признајте - колку често ги гледате сите канали? Можете да се префрлите на поевтин план или пак целосно да се откажете од кабелската телевизија а да гледате само на интернет кога имате потреба.
5. Избегнувајте да јадете надвор.
Потребата од заштеда е добар повод да се научите да готвите и да ја комбинирате храната така што исхраната да ви излегува поевтино. Земете си храна од дома на работа.