05 Мај, 2024
0.0230

Највредниот бизнис совет на Стив Возњак од ЕПЛ

Објавено во: Стил 21 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Секогаш мислете за крајниот резултат и како може да го постигнете

Стивен Гери Возњак (р. 11 август 1950) е американски компјутерски инженер и програмер кој ја основал Епл Компјутерс, копродукциja (сега на Apple Inc.) заедно со Стив Џобс и Роналд Вејн. Возњак самостојно ги создадал на Епл I и Епл IIкомпјутерите во средината на 1970-тите, кои значително придонеле за микрокомпјутерската револуција на таа ера. Ви го пренесуваме неговите бизнис совет.

„Јас го поминав поголемиот дел од животот, создавајќи мали уреди едноставно за задоволство. Да се забавуваш е една од клучните работи. Вие постојано ќе мислите за тоа, ќе го правите уште подобар и подобар, отколку ако работите за некоја компанија.

Создајте нешто за себе, нешто што навистина го сакате, а не нешто за други луѓе. Ако не го правите за себе, тогаш соработувајте со некого, кој навистина го сака за себе. Само така ќе се создаде нешто навистина совршено и убаво.

А што се однесува до неуспесите, главната работа е дека вие ќе правите повеќе мали чекори и можеби некои од нив нема да ви донесат повеќе пари или ич пари, но вие треба да се гордеете со нив, бидејќи вашето размислување се подобрува, методите за донесување на одлуки, исто така. И веќе не треба да читате книга за тоа како се постигнуваат работи, а може да напишете и книга и тоа се нарекува креативност.“

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/FfbM7kfnYr4[/embed]

Еве го и најважниот совет, кој сакам да му го дадам на секој еден во светот: ако сте доволно паметни и работите на некаков проект, обидете се да мислите за крајниот резултат и како да го постигнете. Запрашајте се колку може да го направите многу подобро од речиси секој друг човек во светот.