29 Април, 2024
0.0258

Најзначајното прашање во 2014: Каква ќе биде годината за еврозоната?

Објавено во: Анализа 10 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Минатата 2013 година беше најмалку проблематична за еврозоната од 2009 година, кога почна должничката криза во Грција. Мислењето на аналитичарите е  дека и 2014 година ќе биде исто толку мирна за регионот, како што беше и минатата, анализира The New York Times. Политичката волја e да се продолжи со реформите и ветувањето на Европската централна банка (ЕЦБ) да се спаси еврото. Покрај тоа, постојат изгледи за економски раст - Шпанија, Италија и Португалија излегуваат од рецесијата, а се очекува истото да се случи и со Грција оваа година. Причини за грижа Сепак покрај позитивните сигнали има доста причини за загриженост. Високата невработеност, заморот од мерките за штедење и сеуште исклучително слабиот раст се идеалниот предуслов за зголемубање на брзината на антиевропските партии. Според резултатите од различни студии десничарските популистички партии можат да освојат околу 20% и повеќе од местата во Европскиот парламент на евроизборите во мај. Ова може да биде сериозен притисок врз водечките партии во Европската унија и да се стави огромен предизвик пред континуираната интеграција во Унијата. "Сличен резултат би можел да го комплицира  изборот на претседател на Европската комисија , како и усвојувањето на законодавството за европскиот банкарски сојуз", коментира Алистер Њутн, аналитичар во Nomura Securities. ЕУ сериозно заостанува со плановите за банкарската унија, која треба  да спречи  идни финансиски кризи. Барем уште неколку години проблемот со банкротираните банки ќе продолжи да им тежи на владите. ЕЦБ продолжува со  стрес тестовите на најголемите банки во Европа . Резултатите ќе бидат објавени во ноември , потсетува весникот. Веројатноста за некаков сериозен шок се смета дека е ограничена , бидејќи многу од банките веќе го  поминаа процес на докапитализација . Сепак кредитирањето најверојатно ќе продолжи да биде ограничено , што го попречува економското закрепнување и може да овозможи нови тешки кризи. Се очекува , исто така, германскиот Уставен суд да донесе одлука за програмата за откуп на обврзници на ЕЦБ - еден се уште неискористен механизам за заштита на еврозоната. Што со Италија и Франција? Најсериозна е загриженоста за Италија и Франција - едната економија е во стагнација од околу една деценија, а коалициската влада заостанува со реформите за приближување, а другата е на прагот на нова  рецесија. Заморот од мерките за штедење се јасно видливи во Грција. Коалиционата влада на земјата одбива да продолжи со затегнувањето на ремените, а се засилуваат стравувањата дека владејачките ќе имаат потреба од здив преку уште едно олеснување на долговите. Директен тест за еврозоната би била дефлацијата, која му се заканува на регионот и ги зајакнува можностите за изгубена деценија во јапонски стил. Тоа би го отежнало  дополнително процесот на намалување на државните долгови. И дури и валутниот блок да ја избегне дефлацијата, секое запирање на реформите или задоцнувањето при исплатата на суверените долгови би можело да наметне нова интервенција на централната банка. Нема да има колапс Од консултантската компанија Eurasia Group во својот извештај потврдуваат дека евентуалниот колапс на финансискиот систем исто така не е закана за економијата. Големите глобални економии се стабилни, дури и да не се сосема обновени, стои во извештајот. Според консултантската група главните ризици пред глобалната економија во 2014 година се геополитички. Во извештајот се наведува дека билансот на силите ќе се промени и САД ќе го изгубат меѓународното влијание. Иан Бремер, основачот на Eurasia Group,  го опишува недостатокот на глобалното лидерство уште во 2012 година во книгата "Every Nation for Itself: Winners and Losers in a G-Zero World". К.К.