Добивај вести на Viber
Стапката на невработеноста во вториот квартал од годинава се намали и изнесува 28,8%, а во истовреме зголемена е стапката на вработеност која изнесува 40,7%, објави Државниот завод за статистика.
Според податоците, регистрирани се 273.860 невработени и 678.467 вработени. Во истиот период од минатата година, пак, стапката на невработеност изнесувала 31,2%, додека стапката на вработеност била на ниво од 38,8%. Односно лани, во второто тромесечје од годината, имало 294.220 невработени и 648.200 вработени.
Вк. активно население вработени невработени стапка на враб. стапка на невраб.
• 2011 940 048 645 085 294 963 38,9% 31,4%
• 2012 943 055 650 554 292 502 39,0% 31,0%
• 2012/II 942 420 648 200 294 220 38,8% 31,2%
• 2013/II 952 327 678 467 273 860 40,7% 28,8%
Најголем дел од невработените во вториот квартал од годинава имаат завршено 4 години средно обарзование, но сепак во споредба со минатата година во истиот период бројакта е намалена. Намалена е бројката и на невработени со високо образование ако се соредува вториот квартал од годинава со истиот период од минатата година, но сепак таа останува и натаму висока.Односно дури 40 967 граѓани кои имаат завршено високо образование се без работа.
- Невработени втор квртал 2012 втор квртал 2013
- Без образование 3 551 2 107
- Незавршено основно образование 9 677 9 298
- Основно образование 73 897 71 026
- 3 години средно образование 39 343 34 048
- 4 години средно образование 120 597 111 441
- Више образование 4 459 4 974
- Високо образование 42 696 40 967
Интересно е дека годинава во вториот квартал имаме намаллување кај бројот на вработени кои се со високо и више образование, а раст на бројот на вработени кои се со основно и средно образование.
Најголем број од вработените во земјава се со 4 години средно образование. Тој број во вториот квартал од годинава изнесува 288 988 граѓани, за разлика од лани истиот период кога изнесувал 253 401. Раст има и кај бројот на вработени со основно образование односно годинава во второто тромесечје има 135 720 вработени со овој степен на образование за разлика од лани истиот период кога таа бројка изнесувала 130 794.
Пад на бројот на вработени е забележан кај оние со високо и вишо образование. Или годинава во второто тромесечје имало 19 231 вработени со овопј степен на образование, а лани таа бројка била 20 262. Годинава пак со високо образование вработени се 129 481 луѓе, што е намалување во однос на лани, кога имало 136 093 вработени со високо образование.
- Вработени втор квртал 2012 втор квртал 2013
- Без образование 3 302 2 103
- Незавршено основно образование 20 259 18 640
- Основно образование 130 794 135 720
- 3 години средно образование 84 089 84 304
- 4 години средно образование 253 401 288 988
- Више образование 20 262 19 231
- Високо образование 136 093 129 481
Најголем број од вработените се во приватниот сектор. Односно од вкупно 678 467вработени, 522 820 се во ориватниот сектор, додека 155 647 во друга сопственост.
Најмногу вработува преработувачката индустрија каде работат повеќе од 130 илјади луѓе, потоа следува земјоделскиот сектор со повеќе од 121 илјади вработени и трговијата на големо и мало со околу 88 илјади вработени.
· Земјоделство, шумарство и рибарство 117 328 4 159
· Рударство и вадење на камен 4 740 /
· Преработувачка индустрија 128 460 2 325
· Снабдување со ел.енергија, гас, пареа 3 584 6 777
· Снабдување со вода; / 9 161
· Градежништво 50 473 1 818
· Трговија на големо и трговија на мало 88 190 /
· Транспорт и складирање 29 640 8 455
· Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 24 297 /
· Информации и комуникации 10 368 1 695
· Финансиски дејности и дејности за осигурување 10 401 /
· Стручни, научни и технички дејности 14 129
· Административни и помошни услужни дејности 9 782 /
· Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување / 45 148
· Образование 2 352 39 072
· Дејности на здравствена и социјална заштита 9 729 27 624
· Уметност, забава и рекреација 7 886 3 387
· Други услужни дејности 7 624 1 956
Од вкупниот број на активно население што изнесува 952 327, според податоците на статистиката 572 611 се мажи, што е 60,1%, додека остатокот или 379 716 или 39,9% се жени. Од вкупниот број на вработени што изнесува 678 467, мажите учествуваат со 59,6% , додека 40,4% од вработените се жени.
o Вкупно вработени 678 467
o Мажи 404 297 59,6%
o Жени 274 170 40,4%
o Вкупно невработени 273 860
o Мажи 168 315 61,5%
o Жени 105 545 38,5%
Најголем број на невработени се на возраст од 25 до 49 години. Односно 169 796 активни граѓани кои се на оваа возраст се без работа, што претставува 60% од вкупниот број на невработени. На возраст од 15 до 24 години невработени се 49.880 граѓани, што претставува 18,2%, додека бројката на лица постари од 50 години кои се без работа изнесува 19,6%.