Намалена видливост на две локации во Западна Македонија
Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2018
Намалена видливост има на две локации во западниот дел на Македонија.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Тетово – село Гајре и од 80 - 100 метри на планинскиот превој Стража.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот
Дежурните екипи на ова претпријатије се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.