26 Април, 2024
0.0258

Намалени трошоци и поголеми приноси за земјоделците: нов софтвер од Дуна компјутери!

Објавено во: Агробизнис 11 Август, 2016

Добивај вести на Viber

ДУНА Компјутери изработи иновативен софтвер за примена во земјоделието Новиот софтвер за земјоделство - ULTIMA WIN е фокусиран на зголемување и имплементација во иновативна ICT платформа која што овозможува проактивност во однос на наводнувањето, бербата и менаџирањето на врз земјоделските култури, со што се постигнува контролирано и одржливо одгледување и производство на земјоделските култури, притоа намалувајќи ги секојдневните оперативни трошоци. Бенефитите за земјоделците кои што може да ги очекуваат од имплементација на ULTIMA WIN се: 35% намалување на потрошувачката на вода; 25 отсто намалување на користењето на пестициди (хемиски средства за заштита на родот); 25 насто зголемен квалитет и квантитет на берба; како и 10 насто зголемување на прецизноста при донесување на одлуки. По повеќе од двегодишен развој и дизајн, на кои ДУНА посветено работеше заедно со интернационален тим на соработници и експерти, водечката македонска IT компанија го најави новиот производ и ја презентира новата услуга - ULTIMA WIN софтверот, наменет за кориниците во аграрот. [caption id="attachment_230416" align="alignright" width="329"]ultima win Имплементацијата на ULTIMA WIN подразбира целосно опремување на полињата со мерна станица составена од точно определени и прецизно дефинирани мерачи (сонди и сензори) на параметри од интерес, како и систем за наводнување и прскање.[/caption] ULTIMA WIN е софтвер за земјоделство, креиран врз иновативна ICT платформа, кој што овозможува проактивност во однос на наводнувањето, бербата и менаџирањето на прскањето (користење на пестициди) врз земјоделските култури. Целта е постигнување на контролирано и одржливо одгледување и производство на земјоделските култури, притоа намалувајќи ги секојдневните оперативни трошоци. ULTIMA WIN е базирана на софтверска и хардверска инфраструктура за „паметно собирање, процесирање и користење на податоци“, во било кое време и на било кое место, користејќи паметни подвижни уреди. И покрај големиот потенцијал за имплементација на ULTIMA WIN во било која земјоделска компанија, софтверот иницијално е дизјниран и развиен да обезбеди квалитетен менаџмент на процесот на култивирање и берба на грозје и контролирано производството на квалитетно вино. Одгледувачите на грозје и винопроизводителите, без разлика на тоа каде се наоѓаат, делат најчесто слични проблеми поттикнати од брзите климатски промени, сметаат експертите во оваа област. Во текот на летото, долгите и сушни денови се секојдневие, а водата е ресурс кој што недостасува. Количеството на вода со која што ќе се наводнува лозјето е базирано на временската прогноза и, најчесто, на субјективна проценка без можност да се консултира и да се следи прецизен менаџмент за најважните земјоделски параметри: на влажност на водата и воздухот, на температурата на водата и воздухот, на очекуваните врнежи и слично. Денес, земјоделците повеќе од претходно се свесни за економската загуба од неправилното менаџирање на водата, неефикасното и неефективното третирање на земјоделските култури со хемиски средства (прскање) и намалениот квалитет на бербата и земјоделските производи. “Досегашните првични тестирања покажаа дека земјоделците во ULTIMA WIN препознаваат софтвер кој што ќе го зголеми квалитетот и квантитетот на бербата и ќе осигура проактивен менаџмент преку оптимизирано користење на ресурси: хемиски средства, пестициди и вода, во смисла на намалување на трошоците. Истото ќе се постигне преку употреба на бази на податоци за историски информации и идни предвидувања за почвата, растенијата, воздухот и останати видови на значајни податоци за соодветниот тип на земјоделска култира. Со користење на софтверот земјоделците ќе можат прецизно да предвидуваат, да превземаат соодветни мерки и да донесуваат квалитетни одлуки за спроведување на вистинските активности во вистинско време”, вели Коце Петров, Технички директор на Дуна Компјутери. ULTIMA WIN е систем составен од три интерактивни модули кои испорачуваат флексибилни сервиси за прецизно земјоделство прилагодени на потребите на корисникот. Тоа се: Паметно собирање на податоци (мерен инструмент кој се инсталира на земјоделските парцели); Паметно процесирање на податоци (база во која што се собираат и процесираат сите информации потребни за донесување на прецизни одлуки); и Паметно користење на податоци (ULTIMA WIN PRECISION FARMING и ULTIMA WIN MARKET PLACE). Модулите интегративно обезбедуваат прецизно следење на економски значајните болести на земјоделските култури, а во насока да се одреди како да се регулира и соодветно да се пристапи кон третманот на појава на потенцијални болести пред тие да ескалираат. Иновација на системот е неговата функција на “самоук систем” кој што учи од своето однесување во минатото, што е круцијално важно за мониторирањето во вака динамични и променлливи средини. [caption id="attachment_51536" align="alignright" width="450"]zemjodelstvo ULTIMA WIN е базирана врз платформа која што преку микро мониторинг на околината ќе обезбеди намалување на трошоците за контрола на производството.[/caption] Имплементацијата на ULTIMA WIN подразбира целосно опремување на полињата со мерна станица составена од точно определени и прецизно дефинирани мерачи (сонди и сензори) на параметри од интерес, како и систем за наводнување и прскање. Истите ќе се инсталираат при имплементација на ULTIMA WIN или, пак, доколку се веќе инсталирани ќе се унапредат. Интеграцијата во еден унифициран систем од софтвер ULTIMA WIN, мерната станица и системите за наводнување и прскање, ќе се обезбеди навремена информација во вид на нотификации или алерти, врз основа на која што ќе се обезбеди донесување на вистински одлуки. Заедно со информациите кои што системот ќе ги обезбедува од реномирани системи за следење на временските услови и моделите за следење на економски важните болести кои ги напаѓаат земјоделските култури, системот прераснува во секојдневна алатка за контрола и следење на квалитетот на работа како систем кој ги оправдува и ги следи препораките и карактеристиките на иновативни апликации за прецизно земјоделско одгледување и производство. “Методологиите на кои што се заснова ULTIMA WIN се базирани на пресретнување на потребите на земјоделците за набљудување на вегетативниот процес на земјоделските култури, а во насока на менаџмент на квалитетот и квантитетот на производството според однапред дефинирани годишни или сезонски планови. Системот едноставно се интегрира на веќе постоечката и добро позната платформа ULTIMA ERP за следење на сите аспекти на дневно оперативно работење на компанијата, како комерцијално, финансиско, магацинско и слично”, истакнува Петров. Основната оска околу која што се процесира целиот систем се: Земјоделецот, кој преку паметна апликација ULTIMA WIN PRECISION FARMING (кон која што се пристапува преку паметен уред: телефон, компјутер, таблет и слично, ги добива сите нотификации, препораки и аларми и врз основа на нив може да ги планира следните активности и да обезбеди прецизни информации за менаџмент на системот); и Купувачот, кој што преку паметна апликација ULTIMA WIN MARKET PLACE (кон која што, исто така, се пристапува преку паметен уред) може да го избира производот кој што сака да го набави, со селектирање на карактеристике кои што тој треба да ги задоволува. На таков начин, купувачот има можност директно да влијае на изработка на годишните или сезонски планови за производство на земјоделците, транспарентно детерминирајќи ја својата желба, а земјоделецот преку следење на тенденциите на пазарот ќе обезбеди прецизно планирање на производството и намалување на несакана и непожелна залиха на пазарот. [caption id="attachment_63448" align="alignright" width="450"]zemjodelstvo Досегашните првични тестирања покажаа дека земјоделците во ULTIMA WIN препознаваат софтвер кој што ќе го зголеми квалитетот и квантитетот на бербата[/caption] Имплементацијата на  ULTIMA WIN носи видливи и прецизни унапредувања на тековното работење на компаниите и тоа преку дефинирање на точни и мерливи цели. Позитивниот импакт кој иновативната платформа ULTIMA WIN ќе го има на бизнисот е базиран на три основи: обезбедување на одржлив квалитет и квантитет на бербата (за земјоделците); потоа слушање на „гласот“ (вкусот) на купувачот за изборот на карактеристиките на производот; како и и зголемување на иновативниот потенцијал и пазарно присуство на Дуна, како етаблиран и интернационално препознаен дизајнер на напредни и иновативни софтверски палтформи. ULTIMA WIN е базирана врз платформа која што преку микро мониторинг на околината ќе обезбеди намалување на трошоците за контрола на производството. Системот ги поврзува предностите за користење на високо напреден и иновативен мерен инструмент на локално ниво (на земјиштето) и глобалните сервиси за собирање на „големи“ податоци за нивно паметно менаџирање во насока на обезбедување прецизно земјоделско производство. Бенефитите за земјоделците кои што може да ги очекуваат од имплементација на ULTIMA WIN се: 35% намалување на потрошувачката на вода; 25 отсто намалување на користењето на пестициди (хемиски средства за заштита на родот); 25 насто зголемен квалитет и квантитет на берба; како и 10 насто зголемување на прецизноста при донесување на одлуки.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади