Добивај вести на Viber
Трошоците за задолжување на Шпанија и Италија значително паднаа, што укажува на слабење на тензиите пред објавувањето на најновата одлука на Европската централна банка за монетарната политика. Каматните стапи на 10 годишните шпански државни обврзници паднаа за прв пат од март 2012 година под 5 отсто, на 4,975 од претходните 5,134 отсто. Шпанија на аукцијата на обврзници со рок на доспевање во 2015, 2018 и 2026 година собра 5,186 милијарди евра.