Напад пред џамија во Британија - има повредени
Објавено во: Свет 27 Април, 2018
Напад со возило се случи во Британија, а полицијата трага по маж кој со возило се залета во група пешаци пред џамија во Бирмингем.
Полицијата е повикана во 14.15 часот, по што дознале дека две момчиња на дваесетина години се повредени, а возачот избегал. Едното од момчињата е повредено во главата, а другото има полесни повреди. Детективот Грег Еванс вели дека не може засега да се утврди дали станува збор за терористички напад.