Напад со нож - убиени се ученици
Објавено во: Свет 27 Април, 2018
Напад со нож се случи во училиште во Кина.
Маж вооружен со нож денеска во северна Кина уби седум ученици од средно училиште и рани 12.
Напаѓачот е уапсен, а повредените ученици добиле медицинска помош, наведува одделот за пропаганда во округот Мижи во привинцијата Шанси. Тој е малолетник кој бил исфрлен од училиштето. Децата се нападнати надвор од училиштето.
Напаѓачот сакал да се одмазди на училиштето.