НАПАД ВО ЏАМИЈА ВО ФРАНЦИЈА: Полицијата уапси маж на возраст околу 80 години
Објавено во: Свет 28 Октомври, 2019
При вооружен напад во џамија во Франција денеска по 15 часот повредени се две лица на возраст од 74 и 78 години, а полицијата уапси маж кој пукаше во верскиот објект во градот Бајоне.
Осомничениот, според дел од француските медиуми, е на возраст од околу 80 години.
Градот Бајоне се наоѓа во југозападниот дел на земјата.
Дел од политичарите го осудија нападот. Се стравува дека се работи за терористички напад. Франција во текот на изминативе години се соочи со серија напади.
фото Ле Парисиен