Нападната и навредувана муслиманка која носела бурка
Објавено во: Свет 20 Февруари, 2018
Во Берлин денеска e нападната и вербално злоставувана 54-годишна муслиманка која носела бурка.
Оваа информација ја објави полицијата.
Жената на возраст од 28 години ѝ се доближила на муслиманката и ѝ ја отргнала бурката од лицето по што започнала да ја навредува. Нападнатата излегла од продавницата, но жената ја следела и извикувала пароли против странците, по што е приведена.
Минатата година, германскиот Парламент го одобри владиниот предлог да им се забрани на јавните службенички во училишта, судови и други институции да го покриваат лицето. Антиисламските групи во Германија бараат таа забрана да се однесува на сите што го покриваат лицето со марама.