Направиле гориво од цреши
Објавено во: Стил 25 Август, 2016
Бугари направија гориво од цреши.
Ќустендилското друштво за вселенски технологии „Зодијак" од прегорен шеќер од цреши направи гориво како еколошка замена на цврстите горива за ракети за разбивање на град. Првата ракета со гориво од цреши е истрелана крај ќустендилското село Шишковци, а настанот бил посветен на традиционалниот „Празник на цреша" во регионот.
Ракетата била со стартна маса од 2 кг, а новото еколошки гориво е наречено „Черика".
„Црешите се погодни за гориво од прегорен шеќер поради високата содржина на шеќер, која е важна состојка за овој вид гориво“ - раскажуваат експертите.
Пронаоѓачите до овој момент, сепак не добиле никаква финансиска поддршка за создавањето на ова гориво.