05 Мај, 2024
0.0293

НАРОДНАТА БАНКА ЌЕ ИМА ПОГОЛЕМА МОЌ ДА ГИ РЕШАВА ПРОБЛЕМАТИЧНИТЕ БАНКИ - ќе се носи закон по европски терк

Објавено во: Финансии 16 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Владата ќе носи посебен Закон за решавање на банки, со кои Народната банка ќе има поголема моќ во процесите на решавање на одредени проблематични банки.

Всушност, со овој закон ќе и се даде поголем мандат на централната банка, кога одредена банка ќе биде ризична, да влезе во решавање на проблемите на таа банка. Ова ќе се однесува од самата подготовка, па до започнување на целата постапка и на крај до примена на сите инструменти и овластувања за решавање на одредена банка.

Тоа е и логично, со оглед дека НБМ најдобро го познава работењето на банките и ризиците со кои тие се соочуваат, па веројатно ќе придонесе побрзо да се делува, за да не дојде до пропаѓање на одредена банка, или, пак, ако тоа мора да се случи, да биде со помали загуби за депонентите на таа банка.

Дека Владата планира да донесе Закон за решавање на банки, таа само со неколку реченици најавува на платформата ЕНЕР, и тоа најавувајќи други закони. Од Владата најавуваат дека на овој начин ќе ја зајакнат стабилноста на финансискиот систем во земјава.

„Дополнително, НБРСМ ќе може да спроведува подготвителни активности за решавање на банка со проблеми во работењето, започнување на постапката на решавање, како и примена на инструментите и овластувањата за решавање на банка. Овие одредби ќе бидат операционализирани со донесување на посебен закон за решавање банки. Со ова, дополнително ќе се зајакне стабилноста на финансискиот систем во целина“, се вели во кусата најава на носењето на овој закон.

Извори на Фактор велат дека во моментов се работи на тој зкон заедно со тимови на ММФ и Светска банка, како и тимови на Министерството за финансии и централната банка. Всушност, овој закон е усогласување на регулативата на земјава со европските директиви од оваа област.

„Станува збор за доста сложен закон, на кој треба сериозно да се работи, а сега е во почетна фаза. Станува збор за усогласување со европските директиви, што досега не било направено во земјава. Со тој закон ќе и се даде посилен мандат, односно моќ на НБМ за решавање на проблематичните банки“, велат наши извори.

Зависно од динамиката, се очекува тој закон да биде донесен до крајот на оваа или до почетокот на наредната година.

Како што е познато, минатата година во август пропадна Еуростандард банка, на која НБМ и ја одзеде дозволата, поради недоволна капитализација, и работењето со загуби во текот на неколку години.

А она што ќе биде побрзо донесено, тоа се измените на Законот за Народна банка. Станува збор за усогласување со Законот за финансиска стабилност.

Со овие законски измени, како што велат наши извори, на НМБ ќе и се даде поголем макропрудентен легитимитет, во смисла таа да препознава и навреме да превенира одредени системски ризици во банкарскиот сектор. Откако тоа ќе го утврди, НБМ ќе има право да носи и поригорозни мерки, но кои ќе важат за сите банки, а не за некоја поединечна банка.

„На пример, ако НБМ констатира дека значајно растат цените на пазарот на недвижности, како што е сега, и ако банките премногу кредитираат изградба на станови и недвижности, односно тие инвеститори, и доколку се оцени дека тоа може да биде ризично и да дојде до прегревање на пазарот, централната банка може да донесе одлука да се намали тоа кредитирање. И тоа би важело за сите банки, а не за некоја поединечна банка. Значи, станува збор за системски ризици“, објаснуваат нашите соговорници.

Исто така, се објаснува дека таков макропрудентен легитимитет и досега имала централната банка, само што сега тој ќе биде засилен.

А со измените на Законот за финансиска стабилност, пак, ќе се утврди законски, наместо со Меморандум како досега, соработката меѓу петте институции кои се регулатори на финансискиот систем, а тие се Министерството за финансии, Народната банка, МАПАС, Агенцијата за супервизиј на осигурувањето и Комисијта за хартии од вредност.

И на оваа регулатива е работено со ММФ и СБ и значи усоглаување со европските директиви.

А еве што навеле од МФ на ЕНЕР за овие законски измени.

„Со новиот Закон за финансиска стабилност, кој е во постапка на донесување, следејќи ја праксата на Европската комисија, се воспоставува Комитет за финансиска стабилност, како макропрудентно тело кое ќе ги идентификува опасностите и ризиците за финансиската стабилност и синхронизирано ќе презема макропрудентни мерки заради одржување на финансиската стабилност. Поради ова, потребно е усогласување на Законот за Народната банка со Законот за финансиската стабилност во насока на давање надлежност на Народната банка да спроведува макропрудентна политика и презема макропрудентни мерки кон банките, штедилниците и другите финансиски институции на кои им издала дозвола“, навеле од Владата на ЕНЕР.

Од Владата дале рок дека овој предлог закон треба да биде изготвен со 15 јули годинава.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот