18 Мај, 2024
0.0291

Народни верувања и Суеверија за 2016 – Престапна година

Објавено во: Стил 07 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

 Новата 2016 година е престапна. Според народни верувања во неа не треба да се разведуваме и да ја менуваме својата работа,

Причината да има Престапна година е дека земјата прави целосна обиколка околу Сонцето за 365 дена и 6 часа, а не само за 365 дена.

Ова бара на секои 4 години во февруари во календарот да биде додаван 1 дополнителен ден и така месецот има 29, а не 28 дена.

Оваа година 29 февруари се паѓа в понеделник - почеток на неделата.

Иако од научна гледна точка се ќе биде јасно, многумина ја поврзуваат Престапната година со различни суеверија и верувања.

А еве и некои од нив:

- Не треба да менуваме работата. Но ако сепак сме нашле нешто многу соодветно, мора прво реално да ги процениме силите и можностите пред да донесеме одлука;

- Не смее да се разведуваме. Ако постои и најмала можност да го сочуваме своето семејство, подобро е да го направиме тоа. Старите луѓе забележале дека оние кои се разведуваат во Престапна година, потоа потешко си создаваат ново семејство;

- Не е препорачливо да се склучува брак. За среќа тоа не се однесува на целата година, а само за 29 февруари и за целиот месец мај;

- Кога падне првиот дожд во Престапна година, е добро човек да се прошета под капките дожд за среќа и успех;

- Не треба да ги споделуваме плановите за иднината, бидејќи нема да имаме среќа;

- На 29 февруари не треба да потпишуваме договори и да водиме преговори;

- Не треба да земаме големи суми позајмени пари. Нивното враќање ќе биде тешко, а тоа може да доведе до проблеми;

- Не смееме да купуваме и продаваме недвижен имот, да правиме поправки;

- Децата родени во Престапна година, се среќни. А оние кои дошле на свет на 29 февруари, можат да не се плашат од пожари и поплави, бидејќи нив нема да ги засегнат. Тие поседуваат исто јасновидска дарба.