03 Мај, 2024
0.0278

„Наша гордост. Наша одговорност“ - Скопско со нова акција за чисто Охридското езеро

Објавено во: Македонија 01 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Што ќе оставиме зад себе?“ е главното прашање и порака која СКОПСКО ја упатува во новиот ТВ спот за долгорочната општествено одговорна платформа- НАША ГОРДОСТ. НАША ОДГОВОРНОСT,којапрвично беше претставена во декември минатата година.Платформата е создадена со една единствена цел - преку одговорно одложување на отпадот да ги зачуваме прекрасните природни богатства со кои изобилува нашата земја, да оддадеме признание на сите групи и поединци кои преку личен пример покажуваат како треба да се грижиме за нив и да поттикнеме акција за истите да блеснат во сиот свој сјај.

Првиот чекор за оваа година е кампањата „Заедно за чисто Охридско езеро“ која што започнува со иницијатива за собирање на средства при што од секое продадено стаклено шише од 0.5л Скопско и Скопско Smooth се издвојува по 1 денар за активности посветени на чистење на нашето најпрепознатливо придодно обележје. Дел од планираните активности, за чија цел ќе се искористат овие средства се поставување на пловни препреки на едни од најголемите загадувачи на Охридското езеро – реката Сатеска и реката Даљан, акции за чистење на крајбрежјето и дното на езерото, како и различни активности кои се фокусирани на подигнување на свесноста за проблемот и едуцирање на општата јавност за решенијата.

„Идејата на оваа кампања е на еден широк и инклузивен начин да ги вклучиме сите љубители на Скопско – со купување на омиленото пиво директно да ја поддржат заложбата и да се вклучат во остварување на идејата за долгорочно одржување на чисто  Охридското Езеро. Ова е почеток на кампањата, но во годините кои следат фокусот ќе биде и на останатите природни и културни обележја. „Крајната цел е преку заедничка акција да допринесеме до природни убавини ослободени од отпад и едуцирана јавност која знае како да ги заштити“, изјави Марта Завкова, Сениор Бренд Менаџер на Скопско.

Реализацијата на овој проект е во соработка со клучните партнери Пакомак, Министерството за животна средина и просторно планирање, општините Охрид, Струга и Дебарца, како и волонтерите.

„Полека но сигурно идејата за чиста и зелена иднина позитивно се одразува кај сите, па иако нè чека уште многу работа, секој чекор напред е важен! Во овој момент едукацијата за циркуларна економија е особено важна, а токму преку собирање, селектирање и рециклирање на отпадот може да се придонесе кон почиста средина,“ изјави Филип Ивановски, извршен директор на Пакомак.

За целите на платформата, култните стаклени шишиња на Скопско и Скопско Smooth добија нов, тематски дизајн и веќе се пуштени во продажба. Повеќе информации за платформата ипланираните акции може да најдете на skopsko.mk.

Видеото може да го погледне на следниот линк

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ