02 Мај, 2024
0.0306

Нашата народна банка може да користи 400 милиони евра од ЕЦБ ако за тоа има потреба

Објавено во: Финансии 18 Август, 2020

Добивај вести на Viber

По извршената оценка на барањето за ликвидносна поддршка поднесено од Народната банка, Европската централна банка позитивно одговори на барањето, преку одобрување на билатерална репо-линија. На нашата централна банка ѝ е овозможено користење на ликвидносни средства во износ до 400 милиони евра, доколку има потреба од тоа, во форма на репо-трансакција за периодот до средината на следната година, или додека е потребно. Со тоа, ЕЦБ покажа подготвеност за поддршка нa Нaродната банка во условите на кризата предизвикана од пандемијата на ковид-19.

„Позитивната одлука и одобрената репо-линија претставуваат потврда за нашата подготвеност како централна банка соодветно и навремено да одговараме на предизвиците од оваа криза и успешно да ја одржуваме макрофинансиската стабилност.

И денарската и девизната ликвидност на нашата економија, и пред почетокот на корона-кризата беа на високо и адекватно ниво. Дополнително, во периодот од избувнувањето на кризата, Народната банка презеде мерки преку коишто се обезбеди дополнителна денарска ликвидност во банкарскиот систем, а воедно и за зајакнување на девизните резерви. Добиената поддршка од ЕЦБ дополнително ги зајакнува нашиот капацитет и подготвеност за соодветна реакција. Во случај на остварување на негативните ризици поврзани со корона-кризата, девизната ликвидност во евра овозможена од ЕЦБ ќе ни овозможи и поголем простор за брзо и ефикасно дејствување за ублажување на можните ефекти врз банкарскиот систем“, истакнува меѓу другото гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска по повод воспоставувањето на репо-линијата за обезбедување ликвидност во евра, овозможена од ЕЦБ.

Во име на Народната банка, гувернерката упати голема благодарност до ЕЦБ за укажаната доверба и поддршка.

Можеби ќе ве интересира

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција