06 Мај, 2024
0.0326

Нашинци лани доаѓале со подлабок џеб да трошат во Македонија

Објавено во: Економија 23 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Нашинци кои работат во странство и странски туристи лани доаѓале со многу подлабок џеб за да трошат во Македонија. Доколку се внесува повеќе од 10.000 евра ефективни странски пари и чекови мора да се пријави кај царинските служби. Сумата на овие пријавени средства изнесува 17 милиони евра.

На оваа сума може да се гледа само релативно, бидејќи парите до 10.000 евра не мора да се пријават. Сепак, може да се заклучи дека џебот на гастарбајтерите и другите посетители им бил доста подлабок, бидејќи во најновиот извештај на Царинската управа пишува дека станува збор за дури 42 отсто повеќе средства во однос на 2018.

При влез на граничните премини пријавени се 16,9 милиони евра од патниците, а на излезот само околу 50.000, што значи дека безмалку се било потрошено во Македонија. Најмногу девизни средства се пријавени на граничните премини Богородица и Блаце, како и на скопскиот аеродром.

Резиденти и нерезиденти можат слободно да внесат во земјата до 10.000 евра и 120.000 денари по лице. Доколку се внесуваат ефективни странски пари над 10.000 евра, тие се задолжени истите да ги пријават на царинскиот орган. .

Во 2018 беа пријавени 12 милиони евра, што беше за една третина повеќе од една година претходно, но зголемувањето на процентот за лани е многу повпечатлив. . Додека во 2018 просечно во месецот во Македонија се пријавувале по еден милион евра, во 2019 сумата во просек била по милион и пол евра. 

Поголема сума од парите се пријавува и на Табановце и на граничниот премин во Дојран. Најмногу доминираат еврата, а потоа денарите,франците, доларите, а има и норвешки круни, канадски и австралиски долари, лири и фунти. 

А.К.

Можеби ќе ве интересира

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот