НАШИОТ МАРТИН ОСВОИ МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Момчето од Свети Николе е врв меѓу светските гејмери
Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2022
Мартин Саздов, во
гејминг светот познат како „Сакса“ е најдобриот „Dota 2“ играч во нашата земја,
а сега и во светот.
Вчера се одржа Интернационалниот „Dota 2“ турнир во Сингапур, огромен настан на кој се собираат најдобрите гејмери од цел свет и се натпреваруваат за повеќе од милион долари. Токму таму Сакса со својот тим „Тундра Еспортс“ го освои првото место, кое вреди цели 8 милиони долари. Имено, тие во финалето ги победија Team Secret со резултат од 3-0.
Инаку Саздов е од Свети Николе, започнал да игра „Dota 2“ на 10 - годишна возраст, со времето постепено се усовршувал и станал еден од најдобрите „Dota 2“ играчи во светот.
Иако се запишал на факултет во Скопје, изгубил интерес и одлучил целосно да се посвети на неговата „Dota“ кариера.