17 Мај, 2024
0.0330

НАШИТЕ УЧЕНИЦИ ОТИШЛЕ ВО ТУРЦИЈА ПРЕКУ ЕРАЗМУС ПЛУС, НА ЕДНИОТ Е НАПРАВЕНА ХИРУРШКА ИНТЕРВЕНЦИЈА - сите заедно ќе си се вратат во Македонија

Објавено во: Македонија 06 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

По стравичниот земјотрес во Турција, на лице место се упатил дипломат од нашата амбасада во Анкара, а биле ангажирани и од генералниот конзулат во Истанбул. Така е дојдено до бројката од девет наши државјани- наставник и 8 ученици кои заминале преку програмата „Еразмус плус“, а биле на локациите зафатени од природната катастрофа. Биле комуницирани и нивните семејства, информира министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Двајца се повредени, едниот со потешки повреди, и врз него е извршена хирушка интервенција. Веќе верувам дека во меѓувреме се пристигнати нашите допломати таму и ќе имаме поточни информации со кои ќе реферирам на Влада“, изјави министерот за надоворешни работи, Бујар Османи.

Ученикот на кого му била извршена хирушка интервенција е подготвен за патување и заедно со групата ќе биде упатен назад  кон Македонија, штом дипломатот од амбасадата во Анкара пристигне на лице место.

Претходно, директорот на нашата Национална агенција за образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски за Телма изјави дека учениците кои заминале во Турција преку програмата „ Еразмус плус“, се средношколци од општините Тетово, Гостивар и Маврово/Ростуше. А, градоначалникот на Маврово/Ростуше потврди дека четири лица заминале во Турција од неговата општина и дека чекаат евакуација од погоденото подрачје.

фото: ЕПА

Можеби ќе ве интересира

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?