28 Април, 2024
0.0259

Наташа Мерсовска: Најтешката задача ќе ја има Бесими

Објавено во: Економија 21 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Мандатарот ги предложи, Собранието треба да ги изгласа министрите во идната Влада. Макеоднија е сред еден од најголемите предизвици предизвикан од Пандемијата на Ковид-19. Здравствената криза предизвика и голема економска криза, а со тие проблеми во иднина треба да се справува економскиот тим во Владата. А предложени се луѓе кои јавноста ги знае, барем повеќето имале функции и досега. Дали ќе успеат да се справат со големиот предизвик, ќе носат ли економски одлуки кои ќе бидат во функција на граѓаните и на стопанството, со што треба прво да се зафатат. Ги прашуваме економските новинари. Наташа Мерсовска, уредник во телевизија Сител вели дека во моментов, како што се позиционирани работите, најтешката задача ќе ја има министерот за финансии Фатмир Бесими.

Големи се очекувањата, но и предизвиците со кои ќе се соочи економскиот тим во новата Влада во време на економска криза , кога бизнисот тоне, а граѓаните стануваат се по сиромашни. Сите бараат помош од државата, компаниите свежи пари, граѓаните вработувања и повисоки плати. Најтешката задача ќе ја има министерот за финансии Фатмир Бесими, кој има највисоко образование од останатите министри и искуство како поранешен министер за економија и вицегувернер на Народната Банка, но ситуацијата сега, во време на корона криза, ќе бара брзи и конкретни решенија, за кои ќе требаат многу пари. Прво што треба да направи е да ја прикаже реалната  состојба во буџетот и да ги одреди приоритетите. Дали ќе има нов сет мерки за помош на стопанството, ќе продолжи ли финансиката инјекција со исплата на минимална плата за да се зачуваат работни места – се ќе зависи од кондицијата на буџетот кој ќе го наследи Бесими.  Ако сопре помошта, фирмите веќе најавија отпуштања , а некои и клуч на врата. 

Од друга страна, од стартот на кризата константно паѓаат приходите во буџетот, расходите растат, а со тоа и долгот кој веќе се доближува до црвената зона од 60 проценти од БДП. Со оглед на тоа дека успехот на секоја Влада се мери во подобрување на стандардот на граѓаните, пад на невработеноста и подобрување на условите за водење бизнис, во услови на криза, да се реализира сето тоа ќе биде многу тешко. Ќе мора да се бараат и пари од надвор, по што поповолни услови, односно со пониска камата.

Во исто време не треба да се запре со инфраструктурните проекти, а изградбата на гасификацијата треба да биде приоритет на новиот министер за транспорт Благој Бочварски. Нови странски инвестиции, до крајот на годината не се очекуваат, така што помошта кон домашните фирми ќе биде клучна за отворањето работни места и подобрувањето на стандардот кај граѓаните. Во спротивно, министерката за труд, Јагода Шахпатска ќе има полни раце работа – да балансира и да обезбеди доволно пари како за најмладите, така и за најстарите, но и за  невработените и социјалците.  Министерот за економија Бектеши  треба да продолжи со  ветените субвенции кои поради корона кризата запреа со реализација, но во вакви тешки услови, ќе им значат на поранливите граѓани.  

Од новиот владин тим се очекува и поголема соработка со претставниците на бизнис коморите, консултации со нив пред носењето важни одлуки, не толку често менување закони и секако, помалку непотизам и корупција. 


Можеби ќе ве интересира

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка