26 Април, 2024
0.0273

Научниците открија - колку е стара Месечината?

Објавено во: Стил 16 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Благодарение на карпите собрани за време на мисијата Аполо 14, истражувачите објаснуваат дека конечно ја одредиле точната возраст на Месечината. 

Според нив нашиот лунарен сосед е неверојатни 4,51 милијарда години стар.

Овие наоди укажуваат на тоа дека Месечината е формирана околу 60 милиони години откако се формирал Сончевиот систем, што ја прави 140 години постара од претходните проценки.

„Одредувањето на возраста на Месечината е од клучно значење за еволуцијата на Сончевиот систем и формирањето на карпестите планети, вклучувајќи ја и Земјата. Сепак, и покрај нејзината важност, возраста на Месечината никогаш не е точно утврдена“ – велат од тимот, предводен од Мелани Барбони од Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес.

Претходно се сметаше дека Месечината е формирана од остатоци од материјата која била исфрлена надвор од Земјата по судирот со „Theia“ – објект со големина на планета кој постоел во раниот Сончев Систем, или можеби еден збир на помали објекти.

Судирот кој ја создал Месечината би можел да биде доволно голем за да ги избрише сите живи суштества на Земјата, па знаејќи кога се случил е важно за да ја разбереме еволуцијата на нашата планета, како и кога започнал раниот живот на неа.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти