Научник уште пред три месеци предвиде дека ќе се појави нов вирис - неговото сценарио е опасно
Објавено во: Свет 25 Јануари, 2020
Бидејќи новиот коронавирус се шири низ Кина и низ целиот свет, луѓето се прашуваат колку е навистина опасно.
Затоа, пак е интересна една симулација која кон крајот на 2019 година е направена од научникот Ерик Тонер, од Здравствениот дом Џон Хопкинс во САД, кога тој претстави сценарио според кое пандемијата на коронавирус еруптира и покосува 65 милиони животи.
Инаку, Комитетот за итни случаи на СЗО истакна дека сè уште не е време да се изјасни за глобална закана. Сепак, експертите потврдија дека биле споделени и засега немаат доволно веродостојни информации. Тие најавија дека ќе се состанат повторно за неколку дена за да ја преиспитаат ситуацијата и нивната одлука.
Во меѓувреме, се зголемува бројот на болни и почината од коронавирусот.