28 Април, 2024
0.0266

НАУЧНИЦИ ОТКРИЛЕ: Со пари сепак може да купите среќа!

Објавено во: Стил 01 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

„Изгледа чудно дека работите кои исчезнуваат брзо може да не направат посреќни од работите кои ни остануваат“.

Професор од Хардвард тврди дека со пари може да се купи среќа. Но колку точно среќа можете да купите зависи од тоа на кој начин ќе ги трошите парите.

„Факт е дека најмалку трошиме на работи кои можат најмногу да не направат среќни“, тврди професорот Мајкл Нортон кој ја истражувал науката на трошење.

Бидејќи почнува сезоната на трошење, би било добро повторно да размислите за тоа што го сакате. Имено, се покажа дека луѓето се посреќни кога трошат на искуства, а не на предмети. Иако искуствата се моментални-како на пример вечера со пријател или патување, додека предметите како големи плазми, компјутери или смартфони подолго траат, па ова првото повеќе ќе ви значи.

„Изгледа дека работите кои брзо исчезнуваат може да не направат посреќни од работите кои ни остануваат“, вели Нортон, но додава дека трајните работи повеќе ги злоупотребуваме додека сме сами, додека краткотрајните повеќе ги правиме со други и создаваме трајни сеќавања.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти