28 Април, 2024
0.0439

Научниците конечно сигурни во големината на Плутон, и сите 80 години бевме во заблуда

Објавено во: Стил 14 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Научниците од мисијата Нови хоризонти објавиле дека Плутон има пречник од 2370 километри, стои на страниците на НАСА.

Прашањето на големината на Плутон ги интригира научниците од неговото откритие во 1930 година. Имено, поради големата оддалеченост од Земјата и малите величини на Плутон досега постоеја само рамковни проценки на величина. Сликите кои ги прати сондата на Нови хоризонти потврдуваат и една друга претпоставка, Плутон е најголемото познато небесно тело надвор од орбитата на Нептун.

Новата откриена величина на Плутон се одразува и на другите особини на планетата. Научниците имено, заклучуваат дека Плутон има помала густина отколку претходните претпоставки, а има и нешто повеќе мраз во внатрешноста отколку што мислеа научниците. Атмосферата на Плутон, поточно нејзиниот најнизок дел од тропосферата, е нешто поплитка отколку што беше врежано мислењето.

Месечините на Плутон

Величината на Плутоновата најголема Месечина, Харон беше значајно полесно да се процени. Харон, за разлика од Плутон, речиси нема атмосфера и поради тоа е полесно да се процени пречникот по пат на сателитски слики. Нови хоризонти ја потврдија претходната проценка од 1208 км на пречникот на Харон.

Меѓутоа, Плутон има неколку сателити, а досега се откриени пет од нив: Харон, Никта, Хидра, Кербер и Стикс. Научниците досега успеале да ја проценат големината на Никта и Хидра и тврдат дека Хидра има пречник од околу 35 км додека Хидра е нешто поголема со пречник од 45 км.

Што се однесува до двете најмали Месечини, Кербер и Стикс, научниицте ќе ги проценат нивните големини од податоците кои Нови хоризонти ќе ги снимат во текот на поминувањето покрај Плутон.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти