НАВАЛА: Петочна "инвазија" на Богородица -редица од возила чека за излез од земјава
Објавено во: Македонија 14 Јули, 2023
Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ) информира дека на граничниот премин Табановце за влез во Македонија се чека околу 30 минути, додека на другите гранични премини нема поголеми задржувања за влез во државава.
Но,на камерите на Богородица за излез од земјава се гледа долга редица од возила,составена главно од македонски и српски туристи кои одат на одмор во Грција.