Навални ослободен од затвор
Објавено во: Свет 23 Август, 2019
Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални е ослободен од затвор, објави на Твитер неговиот портпарол Кира Јармиш, пренесува Ројтерс.
Московскиот суд претходно го отфрли барањето на директорот на затворот во кој Навални одлежа казна од 30 дена за тој да биде продолжен за 18 часа.
Навални, кој се смета за најлош непријател на Крлемљ, беше осуден минатиот месец на 30 дена затвор за организирање незаконски протести на опозицијата.
Додека бил во затвор, Навални бил однесен во болница со сериозен исип на лицето за кој лекарите рекле дека е алергиска реакција. Некои приврзаници се сомневаа дека тој бил отруен.Фото You tube