18 Мај, 2024
0.0300

Навивачи на ГФК „Осогово“ опремија сала за фитнес и теретана и ја подарија на нивните фудбалери

Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Со оваа донација ГФК „Осогово“ станува прв фудбалски клуб во источна Македонија кој во рамки на стадионот има своја сопствена сала за фитнес и теретана

Членовите на граѓанското здружение „Никола Мантов“ од Кочани денеска подарија целосно опремена сала за фитнес и теретана на нивните миленици – фудбалерите на градскиот фудбалски клуб „Осогово“ од Кочани.

Салата е опремена со повеќе справи и реквизити за вежбање меѓу кои се преса за нозе и шут-машина  кои се најважните справи за тренажен процес на фудбалерите.

Просторијата која сега е сала за фитнес и теретана до април била подтрибински простор со големина од 60 квадратни метри што се користел како одлагалиште за непотребни работи.

Сега просторијата е целосно опремена со нови ПВЦ врати и прозори, нов гумиран спортски под, справи и реквизити за суви тренинзи.

Вредноста на инвестицијата е околу 200.000 денари кои се обезбедени од лични средства на членовите на здружението „Никола Мантов“ од Кочани како и од поединци и компании кои се одзвале на нивните апели и донирале средства или помогнале во изведбата.

Во име на здружението клучевите од салата ги предаде неговиот претседател Никола Стојанов, а ги прими Ефтим Аксентиев, долгогодишен успешен фудбалер и актуелен шеф на стручниот штаб на ГФК „Осогово“.

Навивачите на ГФК „Осогово“ организирани прво во група граѓани, а потоа и во здружението „Никола Мантов“ за период од две години, заедно со нивни поддржувачи, во нивниот омилен клуб во опрема и финансиски средства донирале над 10.000 евра.

ГФК „Осогово“ е фудбалски клуб со 98 годишна традиција кој повеќе од 30 сезони играл во првата Македонска фудбалска лига. Сега овој клуб е првопласиран во Третата лига исток со аспирации за пласман во повисок ранг на натпреварување. 

Здружението „Никола Мантов“ е формирано во чест и спомен на истоимениот фудбалер на „Осогово“ кој во 1973 година починал од срцев удар за време на натпревар од Првата македонска фудбалска лига на градскиот стадион во Кочани кој од тогаш го носи неговото име.

Повеќе информации за нашите активности на https://www.facebook.com/nikolamantov/

Можеби ќе ве интересира

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија