28 Април, 2024
0.0253

Навивачки групи се судрија во центарот на Скопје, има и повредени

Објавено во: Стил 21 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Навивачите на „Будуќност“ од Црна Гора и „Балистите“ од „Шкендија“ денеска се судрија на Сретковски мост, лоциран меѓу Мавровска крстосница и планинскиот премин Стража.

Вкупно 15 навивачи од „Будуќност“(познати како варвари) биле повредени во тепачка со навивачи од Тетово. Со тешки повреди по главата и телото двајца од повредените навивачи од Црна Гора се донесени на Хируршките клиники во Скопје. Еден од нив има убодни рани по телото и во пределот на слабините и е хоспитализиран на Клиниката за урологија, а вториот кој од удари по главата се здобил со посекотина, во моментот е во Ургентниот центар, jaви НОВА.

Скопската полиција интервенирала во близина на хотелот Холидеј Ин на кејот на реката вардар каде група навивачи на подгоричка Будуќност имала судир со група локални Албанци, тврдат очевидци за Телма.

Македонски интернет портали пак тврдат дека Варвари, навивачите на Будуќност дошле со комбе и биле 15-тина на број, а по средба со помала група на Комити се судриле на скопскиот кеј. За време на инцидентот биле искршени и неколку излози во ГТЦ каде се префрлила тепачката на двете групи.

 - До тепачката дошло откако еден од околу десеттина автобуси со навивачи на Шкендија застанал на патот а од спротивната страна наишле двата автобуси што носеле навивачи од Будуќност .  Навивачите на Шкендија започнале да фрлаат со камења по автобусите кои застанале и од нив излегле црногорските навивачи по што започнала масовна пресметка на двете групи во која биле користени камења и други предмети, информираат од полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти