26 Април, 2024
0.0268

НБРМ: Намалени нефункционалните кредити

Објавено во: Финансии 13 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Ликвидноста на банкарскиот сектор постојано е на високо ниво, депозитната база има раст, при истовремен умерен месечен раст на кредитната активност. Забележано е зголемување на ефикасноста на работењето на банките, како и умерено намалување на нефункционалните кредити. Ова го покажуваат декемвриските податоци за банкарскиот систем разгледани на вчерашната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика. Според НБРМ, на домашните финансиски пазари, во јануари 2013 година е забележана зголемена меѓубанкарска активност. Прометот на пазарот на депозити забележа релативно висок пораст на месечна основа, при што најзастапени се трансакциите со рочност преку ноќ. Релативно високо учество во вкупниот остварен промет имаа и трансакциите со подолга рочност (1 недела и 3 месеци), што укажува на одржување висока доверба помеѓу пазарните учесници на овој сегмент од финансиските пазари. На девизниот пазар, пазарните движења беа стабилни, а на меѓубанкарскиот пазар беше забележан умерен раст на понудата на девизи. Во такви околности, Народната банка оствари откуп на девизи од банките-поддржувачи. Последните макроекономски показатели упатуваат на стабилен амбиент за водење на монетарната политика. Во  јануари 2013 година е забалежано забавување на инфлацијата при што годишниот раст на ценовното ниво од 3,8 отсто е малку побавен, во споредба со последните проекции. Девизните резерви од почетокот на годината бележат раст, укажувајќи на поволна позиција на билансот на плаќања. Растот на девизните резерви е предизвикан од нето-откупот на девизниот пазар, но во голема мера и од нето-приливите на државата врз основа на надворешно задолжување. Динамиката на раст на девизните резерви е во согласност со очекувањата, при што и понатаму девизните резерви се одржуваат на адекватно ниво и се доволни за апсорбирање на евентуални неповолни шокови. Првичните податоци за кредитниот пазар за јануари укажуваат на се уште „анемична“ кредитна активност, што во услови на висока ликвидност во банкарскиот систем, упатува на се уште присутни согледувања за ризик и воздржаност од поголемо кредитирање. На упатуваат на тековни економски и финансиски услови, што засега се во рамки на очекувањата, упатуваат најновите податоци.  Променливоста и непредвидливоста на светските цени на примарни производи, како и се уште неизвесното надворешно окружување остануваат главните извори на ризици. - Имајќи ги предвид најновите макроекономски, пазарни и финансиски показатели, на оваа седница на Комитетот беше одлучено максималната каматна стапка на благајничките записи да се задржи на нивото од 3,5 отсто. Во услови на одржување на ликвидноста во банкарскиот систем на стабилно и адекватно ниво, на седницата беше одлучено на аукцијата да се понудат благајнички записи на ниво на достасаниот износ од 24.020 милиони денари, се вели во соопштението од НБРМ.

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат