02 Мај, 2024
0.0254

Не дај боже да се разболиш во САД!

Објавено во: Анализа 26 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Проблемот со здравството е едно од главните прашања за кои се дебатира во САД. Ова е проблем кој не може да се реши со децении. За разлика од Европа, САД има различен систем за осигурување за кој се трошат страшно многу пари. Проблемот е што истиот воопшто не е ефикасен и крајниот корисник нема голем бенефит и троши премногу пари. Законот за кој се кршат копјата во Вашингтон треба да реши дел од овие проблеми, но во оваа фаза ние од тука имаме премалку информации за да процениме дали е тоа можно. Погледнете каква е ситуацијата со здравствениот систем во САД (графиконите се превземени од Хафинтон Поуст):

Американците трошат најмногу пари во сооднос на БДП. Скоро 18% или 8,500 долари по глава на жител. Тоа се повеќе од 2,3 трилиони долари вкупно.

Половина од тој износ го плаќа државата. Како што гледате во другите земји тој процент е значително поголем (во Норвешка е 80%). Тоа е и основната разлика меѓу системот на САД и останатите земји.

Сепак и покрај толку дадени пари, американците одат просечно по четири пати на доктор, за разлика од Гермаците кои иако трошат двапати помалку пари на здравство, на лекар одат два пати повеќе. Тоа не е дека се понездрави туку очигледно, дека многу помалку ги чини.

Од десно е цената на Липитор, најпродаваниот лек во светот. Од 1996 година има генрирано приходи од повеќе од 120 милијарди долари. Погледнете ја разлика во цена во САД и во другуте земји.  Истото важи и за лекот од левата страна  Цимбалта, лек кој се зема против депресија и анксиозност.

И логично ако треба да платите бајпас или операција на колено, најлошо е да живеете во САД.

И за крај погубниот показател. И покрај тоа што се трошат толку многу пари луѓето во САД не живеат баш толку долго, па да им се исплати трошокот.

Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад