НЕ Е САМО КОРОНАТА: Се појави смртоносна болест во БиХ
Објавено во: Балкан 11 Јуни, 2020
Во БиХ се појави смртоносно беснило по 6 години.
Ваков случај е регистриран кон крајот на минатиот месец.Дијагностицирано е беснило кај почнато ловечко куче од Сребреница, пренесува сараевскиот портал Кликс.
Институтот за здравство ги предупредува граѓаните на претпазливост.
Беснило е заразна болест, која може да се пренесе од животни на луѓето, и иако неговото лекување е невозможно, постојат успешни мерки за превенција, како што се вакцинирање на животни и нивно тестирање.