НЕ Е САМО СРБИЈА: Уште една земја се вооружува
Објавено во: Балкан 06 Август, 2019
Соседна Бугарија купува оклопни возила од европските земји.
Земјата побара понуди од четири европски земји за продажба на 150 оклопни возила.
Информацијата ја соопшти денеска Министерството за одбрана.
Бугарија, распиша тендер вреден околу 836 милиони долари, обраќајќи им се на Германија, Финска, Франција и Швајцарија да испратат понуди, стои во соопштението.
Бугарија бара од производителите да достават понуди до 31 октомври, а најповолната понуда ќе биде позната на 20 декември.
Меѓу потенцијалните доставувачи се германскиот „Артек“, францускиот „Некстер“ и финската „Патрија“.
НАТО ги охрабрува своите источни членки да развиваат, купуваат и користат нова опрема. Земјата членува во НАТО од 2004 година.
Во регионот и Србија често набавува оружје.