НЕ Е ВО ЕВРОПА: Ова е земјата која ќе направи бум со туристи годинава
Објавено во: Свет 03 Февруари, 2019
Лани има добра туристичка година, а оваа година ќе биде уште подобра.
Куба минатата година ја посетиле 4.74 милиони туристи, а во земјата се надеваат дека во 2019 година бројката ќе надмине повеќе од 5 милиони посетители.
Туристите ја бираат Куба поради нискиот степен на криминал, гостопримливост и добро расположен народ. Хавана во ноември ќе ја слави својата 500-годишнина, и тоа е мотив плус да се посети Куба.
Според Мигел Гибсон, сопственик на туристичката агенција Cuba Direct, годинава ќе биде најважна за Куба кога станува збор за туризмот, особено поради разновидното сместување и цените на хотелите, но и поради поевтинувањето.
„Куба има енергија како Карибите, Латинска Америка, Африка и Европа, во исто време е капиталистичка и социјалистичка, безбедна е и хаотична, но прекрасна, не постои место како Куба“, вели тој.
Земјата има песочни плажи кои привлекуваат туристи. Туризмот за нив е значајна стопанска гранка.
Кубанската култура е доста богата и има силни влијанија од Шпанија и Африка.Куба е земја со најголем број олдтајмери, која ги примамува најбогатите колекционери на стари автомобили од целиот свет.