05 Мај, 2024
0.0237

НЕ ЈА ЦЕНИМЕ ДОВОЛНО: Ова е една од најздравите намирници на светот!

Објавено во: Стил 21 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Пиперката е една од најпопуларните видови на зеленчук во светот, а и лесно се одгледува. Освен примамливиот вкус, има и лековите одлики поради кои е добродојдена на сечија трпеза.

100 грама свежа пиперка содржи 92% вода, 6 грама јаглехидрати, 0,99 грама белковини, 0,3 грама масти и 1,2 грама диетални влакна. Пиперката е исклучителен извор на витамини А, Ц и Б6. Таа е добар извор на фолна киселина, диетални влакна, витамин Б2, пантотенска киселина, ниацин и калиум, т.е витамин К, манган, витамин Б и магнезиуми. Колку е позрела пиперката, толку е повисоко нивото на витамини и минерали.

Пиперката содржи 4 пати повеќе витамин Ц од портокалот и преку 30 нутриенти од групата на каротеноиди. Сингеријата на витамин Ц и А, и каротеноидот ликопен на пиперката и дава уште по антиоксидативна моќ и ја сместува во супернамирници.

Редовна конзумација на пиперки:

-го подига имунитетот

-Го ублажува ПМС

-Поттикнува производство на колаген

-Го подобрува видот

-Штити од рак на простата

-Го покренува расположението

Го поттикнува растот на косата

-Го забрзува метаболизмот и помага во слабеењето