(НЕ МУ СЕ ЧЕКАЛО) Бебе се роди во хеликоптер над Сплит, летот траел 10 минути
Објавено во: Свет 12 Април, 2018
На едно новороденче од Брач утрово многу му се брзало да се роди, па не причекало хеликоптерот од островот Брач да слета во Сплит.
Мајката се породила пред слетувањето, а на среќниот момент сведочела тричлената посада на Ескадрилата на транспортни хеликоптери, капетанот, надпоручникот и наднаредникот.
Капетанот по слетувањето кажа дека сѐ се одвивало многу брзо имајќи предвид дека летот од Брач до Сплит трае само десет минути.
„Сѐ помина без компликации, мајката и девојчето се добро и тоа за летачката посада беше најдобро завршување на дежурството. Прекрасно е чувството и ќе го памтиме цел живот. Тоа е она што ја прави убавината на летањето и овој повик, затоа што освен хумани мисии за спасување човечки животи во прилика сме и да посведочиме и на раѓање на еден нов живот“, вели капетанот.