28 Април, 2024
0.0275

НЕ САКАТЕ ГУЖВИ? Ова се земјите кои туристите ги посетуваат најретко

Објавено во: Стил 28 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Ако преферирате да не се туркате со други туристи одете на одмор во Бангладеш, бидејќи земјата е прогласена за најретко посетена држава.

Нациите од Јужна Азија привлекуваат најмалку туристи, покажува новото истражување објавено во британскиот весник „Телеграф“, повикувајќи се на податоци на Светската банка.

Податоците се анализирани од „Priceonomics“ кои го споредиле бројот на туристите со бројот на населението во секоја земја. Така се дошло до заклучок дека на база глава на жител, најмалку странски посетители има во Гвинеја, Молдавија, Индија и Сиера Леоне, кои се во топ пет со најретко посетувани земји.

Па ако сакате мир, можеби треба да ги избегнувате Франција, Велика Британија и Тајланд и да се насочите кон Индија.

Од другата страна на студијата се најпосетуваните земји. Ако мислите дека тоа се европските дестинации, грешите. Излегува дека врз основа на глава на жител најмногу туристи има во Андора.

Следува Аруба со 10 посетители на секој локален жител, Монако, Бахреин и Палау. Меѓу најпосетените дестинации се уште Хонгконг, Малта и Бахамите, Исланд, Малдивите и Австрија.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти