15 Мај, 2024
0.0364

НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ БРАЌА И СЕСТРИ МАКЕДОНЦИ, НЕМА ДА ИМА БУГАРИЗАЦИЈА - бугарски професор се извинува за жртвите на фашизмот

Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Професорот од Софија, Иван Динев Иванов, кој предава на Американскиот универзитет во Синсинати, САД, синоќа во емисијата само вистина вечерва се извини за сите жртви од фашистичкиот период во Бугарија.

– Јас жалам за секој еден човек кој е убиен во Македонија, а такви има и не само за тие кои се убиени во Македонија, туку и за тие кои се убиени во Грција во Драмското востание. Јас во мое име кажувам дека жалам за секој еден човек. Дајте сега да погледнеме со други очи, еден кон друг, и да продолжиме напред, потенцираше Динев Иванов, вечерва во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 ТВ.

Тој обраќајќи им се на гледачите, рече дека нема начин за „бугаризација“.

-Не се плашете браќа и сестри Македонци, нема начин да има бугаризација, ви го гарантирам јас, нема такво нешто, нагласи професорот.

Тој порача до Македонците да си го чуваат идентитетот. Посочи дека сака земјава да го зачува идентитетот и да стане членка на Европската Унија, да соработува со Бугарија, градејќи инфраструктура, градејќи човечки односи, уривајќи ѕидови и градејќи мостови со Бугарија и со сите останати земји.

Осврнувајќи се на Договорот за добрососедство со Бугарија, тој посочи дека се направени грешки од бугарската страна.

-Грешки беа направени од бугарска страна. Има луѓе во политичката елита кои го искористија тоа намерно да направат една „срамота“ со ветото и тоа навистина создаде големи проблеми и голем негативизам. Денот кога ветотот беше објавено јас кажав дека „Бугарија сама на себе си стави вето“. Претседателот Радев греши и тоа го кажав, дека тоа што претседателот Радев мораше да го каже дека ние не можеме да дозволиме антибугарскиот национализам во Македонија и тоа јас се согласувам, а со македонизмот јас немам проблем, наведе Динев Иванов.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ СО КОЛКУ ИМОТ РАСПОЛАГА НОВАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА СПОРЕД ПОСЛЕДНИОТ АНКЕТЕН ЛИСТ: Имот на нејзино име нема, но има неколку штедни книшки со пари

ЕВЕ СО КОЛКУ ИМОТ РАСПОЛАГА НОВАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА СПОРЕД ПОСЛЕДНИОТ АНКЕТЕН ЛИСТ: Имот на нејзино име нема, но има неколку штедни книшки со пари

ДОАЃА И ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА И НЕВРЕМЕ: Еве што нѐ чека од петок

ДОАЃА И ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА И НЕВРЕМЕ: Еве што нѐ чека од петок

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?