НЕ СТИГНАА НА ОДМОР ВО САРДИНИЈА: Мајка, татко и детенце најдени мртви во урнатините на мостот кај Џенова
Објавено во: Свет 15 Август, 2018
Близу Џенова се урна надвозник кој сочинувал дел од автопатот, а според официјалните информации најмалку 35 лица загинале во таа несреќа.
Спасувачите останале во шок кога ги нашле телата на Роберто Робиано (44) неговата сопруга Ерсилиа Пичинино (41) и нивниот син Самуел (9) кои тргнале на одмор во Сардинија.
Полицијата го пронашла нивниот автомобил меѓу урнатините. При пребарувањето се најдени чадор и ќебе, а телефонот кој заѕвонил тој момент го покажал името „мама“. Од другата страна на линијата била бабата која сакала да ја слушне својата ќерка.
Никој од службениците не можел да се јави. Само неколку метри понатаму од уништениот автомобил, лежеле три тела - мајка, татко и син.