05 Мај, 2024
0.0238

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: Оваа ноќ ги враќаме стрелките еден час наназад

Објавено во: Стил 24 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Оваа ноќ точно во 3.00 часот наутро ќе ги преместиме стрелките на часовниците за еден час наназад и ќе преминеме кон зимско сметање на времето. Така во саботата кон неделата ќе спиеме еден час повеќе.

Според законот преминот кон зимско сметање на времето се мести во последната недела на месец октомври.

Летно време е систем за заштеда на трошоци за осветлување, преку зголемување на користењето на дневна светлина. Кај неа официјалното време се префрла обично со еден час понапред од астрономското време, останувајќи така за пролетните и летните месеци.

Со тоа се цели кон обезбедување на подобро совпаѓање на часовите од дневните часови и активните часови за работа и училиште.

Идејата за летно сметање на времето за првпат се воведува на пракса од германската влада за време на Првата светска војна во периодот 30 април - 1 октомври 1916 година.

Набргу потоа во Велика Британија се следи примерот, како во почетокот е воведено летно време од 21 мај до 1-ви октомври 1916 година.

Македонија го воведе летното време многу подоцна (како дел од поранешна Југославија), односно во 1983 година. До сега, значителен број на држави (околу 70) го вовеле летното сметање на времето, некои го укинале, а уште поголем број на држави, особено во Африка и во Азија и воопшто не го користеле. Денес околу 2 милијарди луѓе користат летно време, а околу 4 милијарди не го користат.